По шест децении, првите акушерки седнаа пак, в клупа
Плачеле и пораѓале првите акушерки кои пред 60 години го завршиле медицинскот училиште во градов. Без струја, трчале налево – надесно, со свеќи, со ламби, грижејќи се за бебето и мајката. Немале ниту аспиратори, Без модерни уреди и инструментио работеле со голем ентузијазам и љубов.
Вака се сеќаваат и раскажуваат првите акушеки кои по шест децении пак седнаа в клупа во медицинското училиште, но сега опкружени со новите генерации кои своето стручно образование го оформуваат во СОУ „Ѓорче Петров”.
![](https://zenit.mk/wp-content/uploads/2024/11/img_20241127_122628.jpg)
Првата генерација ја сочинувале 40-тина 14-годишни девојчиња во 1961 година во тогашното штотуку отворено прилепско средно медицинско училиште за струката медицински сестри – акушерки. Завршиле само 18, оти сее барало знаење. Професорите, односно докторите кои им предавале биле многу строги.
– Бевме стручни и оспособени, дури сами да ги водиме породувањата. Наши ученички се вработија во Љубљана, заминаа во Шведска, во Швајцарија и сите каде што отидоа станаа главни сестри на одделение….А некои отидовме и по селата. Јас работев три години на село. Имав 360 раѓања за три години. Дома ги пораѓав. Сама работев, со општи лекар. Ниедно породување не беше со смртен исход, иако имаше патолошки раѓања, Бевме спремни – раскажува Магда Тинтоска – Матракоска, која 19 години е пензионирана акушерка.
На далечните времиња кога немало апарати. Само знаење и љубов кон работата, се сеќаваат со радост и солзи.
![](https://zenit.mk/wp-content/uploads/2024/11/img_20241127_122618.jpg)
– Од тие 18 дипломирани сестри, докторот Брашнаров, кој бешепрв гинеколог во Прилеп, одбра по успехот. Нé спремаа за теренски акушерки. Бев во Мариово со хеликоптер. Сега е многу полесно. Секогаш имаат гинеколог да им помогне. Сами дежуравме 24 часа. Сум плачела и сум пораѓала. Струја снемуваше, Немаше аспиратор. Не може бебето да се аспирира. Трчав налево- надесно со свеќи, со ламби – раскажува Катерина Арапческа – Јакимоска, пензионирана акушерка.
Жанета Видевска, директор на СОУ „Ѓорче Петров” горда е што здравствената струка е најатрактивна. Имаат 545 ученика,од кои 272 се медицински сестри.