Фељтон: Томе Велјановски
Коледарите се пречекани со жесток пијалок, вино и ракија. Алексо Бабјак гајдаџијата направи неколку ора и песни за да ги развесели коледарите, поготово младите коледари. Јолески Благоја со ситото в раце се поткаче на камениот покрив од кладенчето пред куќата, почна да дели коледарски булина. Како што излегуваат коледарите од куќата си добиват буле и заминуваат во комшивската куќа кај Стеваноски Живко. Децата влеват први, прават цив пиле и гласно викаат коледе.
Возрасните коледари во меѓусебни разговори велат во смеа небаре ние ги носиме малите деца дојде обратно тие не носат секаде се први пред нас. Адетите завршија кај Живковци. Алексо Танески делач на булината со ситото в раце на излезот од куќата во големиот отворен трем ги дели коледарските булина. Неговата сопруга Спасија му е втора брачеда на Живко по родот Јанкоски.
Малите деца коледарчињата први ги зедоја булината, влегоја во домаќинската куќа од Илија Кадијата Стеваноски, очув на Живко и надарен љубимец за деца. Децата ги направија адетите со цив пиле и гласно викање за коледе. Влегуваат и возрасните коледари кој се пречекани со пијалок. Павлески Јованче со подесената гајда влегува со песната Анѓелино моме што си налутено, дали главата те боли или половина.
Некогашниот свирач гајдаџија Илија Кадијата со капата в раце е врати песната до него ќерка му Илина и во ред младите коледари го веселат разограниот Илија Кадијата, роден Малинкоски од с. Штавица. Прата и песните е веселат куќата. Делачо на коледарските булина Јованоски Душан со ситото в раце покачен на каменовото почивалиште ги дели коледарските булина како што излегуваат коледарите добиваат буле и заминуват во соседната куќа кај Велјаноски Благоја.
Коледарите кај Благоја малите деца си е вршат нивната работа, прават со стапчињата цив пиле во печката и гласно викат за празникот дневен коледе. Возрасните коледари развеселени од кај Кадијата идат со ора и песни. Пречекани од домаќинот Благоја со жесток пијалок. Тука се собра повеќе гајдаџии поред домакинот Благоја уште се Бабјаците Алексо, Ванчо и нивниот зет Јованче Павлески. Куќата весела со повеќе разни песни и ора разиграни ораџите се треси душемето штичено.
За делач на коледарските булина од страна на домаќинот беше повикан Ванчо Бабјак од мало детинство другарче на Благоја овчарчиња заедно, војници во НОВ заедно. Ванчо оженет за Веселка брачеда по родот Гулабоски од Марул. Ванчо делачот на коледарските булина излезен надвор на штичениот дрвен чардак со ситото со булината како што илегуват коледарите од куќата си добиват коледарско буле и одат кај домаќинот Јанкоски Ладе.
Кај Ладе веселбата е голема, децата прават цив пиле и гласно викат коледе, коледе. Коледарите пречекани со жесток пијалок се леат песни и ора поред нив и ладевото омилено оро Џангурица. Се треси дрвеното штичено душеме – подот од оровотците. Делач на коледарските булина е Павлески Јованче долгорочен пријател на Ладе од заедничкото овчарување и за време на Колективот.
Делачо на булината Јованче со ситото в раце поткачен поред надворешната врата на дрвен ќутук како што излегуват коледарите тој ги подарува со по едно коледарско буле. Коледарите е напуштат весело Ладевата куќа, слегуват надолу во комшивската куќа на Блаже Јошески Јанкоски – Илијоски. Пречекани коледарите со пијалок, децата весели со стапчињата во печката прават цив пиле и гласно викат коледе, коледе, коледе. Делач на коледарските булина е Колески Вванчо Илијоски нунко.
Ванчо делачо со ситото в раце застанат пред влезната врата и дели коледарски булина. Децата коледарчињата први земат булина и заминуват во соседната куќа од Богдановци – Јанкоски Драган. Децата коледарчињата си прават своја веселба , прават цив пиле и викање за славаат Коледе. Возрасните коледари развеселени со музиката од гајдата на Алексо Бабјак се одвиват ора и песни.
Делач на коледарските булина е Танески Алексо поткачен со ситото в раце на каменовот почивалиште в дворот како што излегуват коледарите Алексо ги дарува со по едно коледарско буле. Овде ќе треба да спомниме да коледарите го изоставија Јанкоски Петре Илијоски осамен домаќин поради пред една година направија физичка делба со посиноко Јошески Блаже. Во тоа време додека коледарите беа кај Блаже Јошески очув му Петре беше одсутен од неговата куќа.
Домаќинката Најденка Драганица со сопругата на Алексо Танески се втори брачеди по родот Јанкоски. Децата коледарчиња од кај Богдановци послужени со булина одат в комшии кај Јанкоски Дончо, прават во печката цив пиле и гласно викање за празникот дневен Коледе.
Возрасните коледари пречекани домаќински со жесток пијалок без музика од жалост поради мајка му на домаќинот Дончо нема навршено година дена од нејзиното умирање. Делач на коледарските булина е Ванчо Бабјак, зет за прва брачеда од тетка на Дончо по родо Јанкоски.
Ванчо поткачен со ситото в раце на каменовото почивалиште, децата први во ред добива булина. По нив и возрасните коледари земат булина, е напуштат Дончоската куќа, влеват в комшија кај братот Цветко, Цане Јанкоски. Куќите под ден покрив со различни врати. Децата прават во печката цив пиле и со повик го означуват денот Коледе. Нема веселба поради во таа куќна просторија пред неполна година починала мајка му Петра. Делач на коледарските булина е Митре Бабјак, внук од сестра на Цане и Дончо.
Митре е делач н аколедарските булина кај Цане. Застанат со ситото в раце на скалите на излезната врата на излегувањето на коледарите им дава булина, се мисли на по едно буле на човек. Малите коледарчиња први влегоја, ги направија адетите и први излегоја, си го зедоја делот со булината и заминува во комшиската куќа кај Јанкоски Крсте. Возрасните коледари развеселени со ора и песни во крстевата куќа пречекани со жесток пијалок. Од потресот на играорците се треси дрвеното душеме во собата од музиката на Алексо Бабјак. Децата коледарчината откако ги направија адетите со цив пилето и викањето Коледе си шепна едно на друго на ушината да надвор се делат булината, делач бил Јолески Благоја, внук од сестра на домаќинот Крсте.
Благоја делачот на булината коледарски со ситото в раце застанат на скалите од чардакот на сите им дели булина ии м го честита празникот Коледе, редум на сите мал ии големи коледари. Со тоа заврши Коледето за годината 1959 весело и мирно во времето 14.30 часот. Коледарите си разотидоја дома за да се припремат за вечерниот божиќен Бадник.
Нешто за Јанкоски Ѓорчев Ристе, врсник и другарче од малото детинство на Јовчески Ристе.
Во ова денес Јанкоско место во Турско била од бегот Осман Утоски е роден Јанкоски Ристе, три дена по Јовчески Ристе и два дена пред верскиот празник Св. Микаел Аранѓел во 1888 година од родителите Јанкоски Ѓорче и мајката Москоска Благуна од с. Подмол. Јанкоски Ристе израстува здраво и бистро момче, оженет е за Димитријоска Цветаноска Спасија Сиџимоска од с. Подмол со која има две деца, Велика и Ладе.
Продолжува