Медали од Државно

Стрелаштво

Клубот Стрелец 09 е мошне активен. Според тренерот Славчо Трајкоски, покрај учеството на натпреварувањата од МССФ (Македонската спортска стрелечка федерација), како што се Државното и Купот на Македонија, значајни се настапите на турнирот по повод 11 Ноември, денот на ослободувањето на Куманово, како и на Државното првенство за средни и основни училишта.

На таков натпревар, Државното првенство во стрелаштво за средни и основни училишта, одржано во Битола во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија и Општинскиот сојуз на училишен спорт на Битола, во соработка со Стрелачкиот клуб РЕК Битола, освоени се два медала – сребрен и бронзен. Станува збор за Димитриј Лазарески – на второто и Стефан Бабовиќ – на третото место, во дисциплината воздушна пушка. Тие беа претставници и на своето училиште, ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.

Клубот Стрелец 09 е задоволен од резултатите во 2024 година, како и од пласманите на конечните билтени од МССФ.

Loading