Филмови во киното Мис Стон

“Убиј ги прво децата”

Заради позитивни критик на филмот “Убиј ги прво децата” ќе има уште една проекција во киноѕо Мис Стон вечерва од 19 ч. Влезниците ќе се продаваат на билетарницата од 10-12 часот и еден час пред проекцијата на филмот.

Се работи за шармантен, младалачки, шизички, љубовен… Филмот првин ја убива здодевноста. Темата е урбана, гај ричиевски ритам, супер музика, одличен микс од професионални глумци, реплики за памтење!

Режисер е Димитар Оровчанец, а играат Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ…

-Комичната приказна е за тинејџерка, балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на криминалното подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео – велат од Центарот.

*****************************************************

“Дури и глувците одат во рајот”

Утре (сабота) од 13 ч. во ќе биде прикажан филмот “Дури и глувците одат во рајот” во режија на Јан Бубеничек и Дениса Гримова. Влезници се продаваат на билетарницата од киното Мис Стон, денес, петок од 10-12 ч. и утре еден час пред почетокот на проекцијата.

Филмот синхронизиран на македонски јазик. “Говори” за двајца смртни непријатели – малото глувче Визи и лисицата Вајтбели кои по еден несреќен настан се среќаваат во животинскиот рај. Со моќта на пријателството, тие го надминуваат дури и неможното.

Loading