Мермерниот комбинат за Центарот за јавно здравје
Мермерниот комбинат, како општествено одговорна компанија која многу пати демонстрирала грижи за здравјето на граѓаните. на Центарот за јавно здравје му донира опрема и апаратура за санитарно- хемиската и микробиолошката лабораторија.
Донацијата ја предаде генералниот директор, Василис Анагносту.
Горан Кузески, специјалист епидемиолог и директор на Центарот за јавно здравје изрази голема благодарност на Мермерниот комбинат.
– Ќе се подобри функционирањето на веќе воспоставениот систем за управување со квалитет согласно стандардот ИСО 17025 за контролата на испитување, безбедноста и исправноста на водата за пиење, а со тоа и подобра и поквалитетна здравствена заштита на граѓаните – истакна Кузески.
Генералниот директор на Мермерниот комбинат рече дека веднаш одговориле позитивно на барањето за донација за мониторинг уреди кои обезбедуваат квалитет на водата.
– Потрошувачката на чиста, безбедна вода во нашата заедница е од витално значење. Мермерниот комбинат, со долга историја, ќе продолжи да ја подржува локалната заедница – рече Анагносту.