Ривал е тимот на Калц

Фудбал: Победа

По двонеделната пауза в сабота (13 ч.) продолжува Втората фудбалска лига на Македонија. Во рамките на 13. коло на Градскиот стадион “Гоце Делчев” е мечот Победа – Скопје. Интересен дуел на екипи со ист број бодови – 13, екипи предводени од тренери на многу различни генерации: домашниот Стојанче Дунимаглоски е доскорешен играч (сега на 33 години), а гостинскиот Љупчо Марковски – Калц е некогашен репрезентативец (сега на 57 години). Скопската екипа ќе настојува да продолжи успешно, по претходниот триумф дома со 2:1 врз фаворитот Башкими, а прилепската да се рехабилитира по неочекуваниот пораз со 4:1 од Осогово во Кочани.

Табела: Македонија ЃП 29, Брегалница 27, Башкими 26, Арсими 23, Охрид 21, Кожуф, Детонит и Саса 18, Беласица 16, Новаци 14, Скопје и Победа 13, Вардар Н. 11, Осогово 8, Борец 5, Вардарски 2.

Loading