Ликовната колонија Дрен
Веќе 16 години, ликовната колонија Дрен е репрезент на ликовната уметност не само во Прилеп, туку и во Македонија со испраќање светлост во длабочината на нашите срца. Тоа е целта на уметниците, кои годинава, со многу љубов, создадоа спонтани дела, кои остануват за трајно богатство на ЦК “Марко Цепенков”, на Прилеп, на Македонија.
– Успехот е неминовен кога се слика со многу љубов, со бои, се ваја во дрво, посветено. Големите работи, рекол големиот сликар Ван Гог, се прават со помош на безброј мали работи и поврзани заедно. Ние, заедно, ЦК “Марко Цепенков” и уметниците кои доаѓаат од сите страни на светот, создаваме и придонесуваме за популаризација на ликовната уметност. Изложени се дела од Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ, Милица Алимпиќ Илиќ од Србија, Радица Лелова Докузовска, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов и Никола Димески – потенцира м-р Каролина Мицевска од ЦК “Марко Цепенков”.
Според м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, делата се создадени со моќен креативен потенцијал, со особен сензибилитет, со посебни карактеристични артистички пориви и јасни уметнички визии.
– Се воочуваат неколку стилски правци како фотреализам, надреализам, симболизам, енфромел, асоцијативна апстракција и геометриска апстракција – вели Викторија Димеска, историчар на уметност.
Збирката на слики и скулптури досега надминува 400 дела. Со изложбата на колонијата Дрен, ЦК “Марко Цепенков” одбележаува 45 години од формирањето.