Како силен природен лек, единствено маслото од диво оригано може да му биде конкуренција. Природниот антибиотик од рен има широк спектар. Способен е да го подобри памтењето, ги подобрува видот и слухот и ги топи мастите. Ренот го забрзува метаболизмот, дава енергија и исчезнува уморот. Го поттикнува развојот на добрите бактерии во стомакот.
Клучни состојки се витамин Ц, калиум, витамини Б1, Б2 и Б6, како и железо, магнезиум и фосфор.
Ренот ја подобрува отпорноста на организмот. Се смета за природен заштитник од настинки, вирози и грипови и други сезонски болести. Лутиот вкус ги отвора затнатите синуси. Со инхалацијата се ослободуваат сите дишни патишта. Претставува природен антибиотик и конзерванс, оти спречува размножување на бактерии. Го чисти црниот дроб. Ги фрла сите штетни материи од организмот. Ја олеснува дигестијата. Облоги од рендан рен ја намалуваат вкочанетоста на мускулите, ревматската болка, главоболката. Чувар е на срцето. Ја подобрува циркулацијата и е превентива за кардиоваскуларни болести.