Фељтон: Томе Велјановски
Коледарите од Ќиро Котески слегуваат надолу за преку реката Капинешка за повторно се префрлат во Средно Маало за да завртат со коледето. Стариот дедо Колески Стојко не е виден повеќе во друштвото на коледарите, се дозна да брачеда му Јана и зето Божин Котески го запреле како гостин да се видат како стари луѓе. Стојко после неколку саати си одеше дома кај Колевци за да биди дома за Бадник.
Децата први ја прејдоја реката Бачилишка – Капинишка и во топтан група одат во куќата кај Јованоски Ванѓел Курела. Влеват дома, право одат кај загрејаната печка, е отворат од жарјето со стапчињата прават цив пиле и гласно викаат коледе, коледе. Возрасните коледари развеселени со песни влегуваат и благословуваат при средбата со домаќинот Ванѓел.
Ванѓел носи и ракија, ги почести коледарите, гајдата е наду Ванчо Бабјак, се направија неколку песни за веселба во куќата. Се слушна за делач на коледарските булина е Јолески Благоја Мал Тито како што го вика неговиот татко Божин во подбишега. Благоја со ситото в раце полно со булина на чардачето на надворешната врата. Сите коледари на излегување од куќата им дава по едно буле. Коледарите кој добиват буле заминуват в комшии кај Јованоски Димитрија Курела.
Димитрија отворен човек еснавџија за муабет со секого и од срце пречеклија за гости весел музикант. Децата му се првите коедари, одат право кај печката, е отвораат со стапчињата, буричкат во разгорениот оган, прават цив пиле и гласно викат коледе по неколку пати.
Димитрија домаќинот ги пречека коледарите и ги почести со пијачка. Алексо Бабјак гајдаџијата го праша домаќинот дали е можно да засвири поради мајка му на Димитрија сега Јанкоска Ристејца Петра нема навршено година дена од нејзиното умирање. Алексо доби одговор од Димитрија, како прво таа не е овде умрена и како второ таа самата даде изим за да не е жала никој. Затова сестра ми Мара и зет и Ванѓел направија свадба, го венчаа синот Томе, јас бев старосват на венчавањето в црква на венецот. Сепак од моја страна уште за месец ипол сакам да останам на тоа како ожалостена куќа да нема музика.
Мајка ми е знам израстив со нејзе и нејзина помош. Но, не можам да го заборавам нестанокот на татко ми Анѓеле, загина на фронто како бугарски војник на дено Велигден во 1917 година во местото Добро поле во Мариово. Како што му кажуваш стрико Ристе Велјаноски на татко ми Анѓеле му бил мало деверче на венецот при венчавањето во црквата. Исто така, стрико Ристе во есента 1915 година како српски војници се стретиле на железничката станица во Скопје, фатиле превоз запрежна кола пајтон и дошле на железничката станица во Велес. Тука се слушнало дошле во Велес во касарните бугарска војска кој нудат храна на гладни луѓе.
Анѓеле татко ми го наговарал Ристе за да одат во касарните за јадење. Ристе не се согласил и рекол да тоа е голема политичка измама, лага. Со сила и тргање еден со друг се разделиле. Анѓеле заминал за в касарни да бара јадење и повеќе не се виделе. Ристе преку Чашка по пат се хранел со капинки и шипинки, за недела дена си дошол дома. Додека татко ми Бугарите го задржале во касарните во Велес, го регрутирале во Тринаесеттата бугарска дивизија и преку Прилеп и Марул бил спроведен на фронто.
Јас сум роден на Мртов петок, 6 номеври 1912 година, последно дете родено в Турско. Димко Танески е роден во почетокот во 1913 година како прво дете родено во Марул после Турско. Зтова нашите врсничиња се Диме Турче и Диме Каурче. Делачот на коледарските булина Колески Ванчо, внук од брат на домаќинката Илина со ситото булина в раце излезе поткачен пред куќата како што излегуват коледарите од куќата, така им дели булина. Тие кој добива буле пред се децата, заминуват во комшивската куќа од Јованоски Душан Курела.
Се знае да децата коледарчињата први влегуват во секоја куќа, па и овде во Душановата куќа. Влегуват и одат право кај печката разгорена, е отворија вратата на печката и со стапчињата на жарјето мават, прават цив пиле и гласно се надвикуват, го означуват дневниот празник со неколку пати коледе.
Доваѓат и возрасните коледари развеселени со голема почит према дедото Јован и аббата Јованица Ивана родена Шенгоска од с. Лопатица, прилепско и двете лица се на шеесет иосум годишна возраст.
Бабјаците весели луѓе е активира гајдаат за ора и песни се разигра младешот, сето весело во куќата. Се слушна надвор ќе се делат булина коледарски. Делач ќе биди Павлески Јованче ортак со Душан, овчариза времето во Колективот.
Сега овде булина ќе се делат од две фамилии, се приклучи и братот Алексо поради неговата е помала нема место за џумбус прослава. Неговата домаќинка Алексојца Коца родена Лазароска воо с. Дедебалци го донесе и нивното сито со булина. Откако заврши со делење Јованче со булината ги започна и заврши и со алексовите булина. Коледарите респектира, зедоја по две булина. Тоа така се сторе поради живеат под еден куќен покрив. Малите деца направија цив пиле и коледе и во алексовата куќа. Сите коледари редум земат коледарски булина и заминуват во комшивската куќа кај Велјаноски Ванѓел. Со исклучок браќата Бабјакоски си замина дома поради пред една ипол година има физичка пресметка во дворот од Стеваноски Живко со Живко и со Јанкоски Дончо. Има судска пресуда од две години судската важи за мир и поштовање на судската пресуда. Се однесува за браќата Бабјакоски Димитрија и Крсте.
Коледарите од кај Јоновци развеселени влегуват дома кај Велјановци со гајдинска музика подесена од гајдаџијата Алексо Бабјак. Додека дојдат возрасните коледари децата веќе ги направија адетите со цив пиле и гласно викање за денскиот празник Коледе.
Ристе дедо на седумдесет иедна година си седи на неговиот дрвен кревет рачно мајсторски изработен со теловна мрежа послан. Многумина од возрасните коледари рака му бакнува поготово Бабјаците синовите од Велјан, Алексо и Ванчо исто така и внуците од Велјан Митре и Томе. Велјан и Ристе има заедничко затворени за политички идеи по две години во пожаревачкиот затвор во дваесеттите години од минатиот век. Велјан Бабјак додека беше жив во 1957 година на секои две недели Ристе му правеше домашна посета на ослепениот Велјан Бабјак.
Ристе Јовчески има служено во три различни војски, турски, српски и бугарски војник. Како српски војник во Ниш е совлада писменоста и постанал како најписмено лице во тоа време каде никогаш не побарал помош за државните административни работи. Им помогнал на тие кој им требало таква помош хумана и без надоместок и затова во селото наше е многу поштуван и ценет.
Ристе во 1914 година како српски војник е учесник во битката во цер против австроунгарската армија каде во местото Роље Австриците му е скршиле десната нога под коленото. Стално жалаше дека неговите војнички другари од нашите краеви Танески Сребре од нашето село Марул и Маркоски Петре од село Бонче ги оставиле коските засекогаш во градот Добој, денес во Босна и Херцеговина.
Продолжува