“Судбина” е новото прозно сочинение од нашата писателка Божана Тренческа. Се работи за трогателен роман за љубовта, надежта и силата на човечкиот дух. Пишани се богатата рурална култура, традициите и меѓучовечките односи. Преку топли описи на селскиот живот и автентичните ликови, создадена е жива слика на едно време и место.
– Судбина е приказна за надминување на пречките, прифаќање на промените и наоѓање надеж во неочекувани места – вели авторката.
Според Сузана Ѓорѓиевска, романот е ризница на прекрасни слики, топол дом полн милост, љубов, благост, емпатија.
– Ликовите се извајани што небаре живи чекорат низ страниците секој со својата личба, секој со својот нарав и дарбина. Речта тече како безимена река во селото, вливајќи се во нашите дамари низ кои долго ќе тупотат и селските и градските епизоди од скаските на главните јунаци – вели Ѓорѓиевска.
Тренческа, член на Клубот на литературни творци Прилеп, издадала неколку романи, меѓу кои “Бојана на Тодор”“, “Наум и синовите”…, повеќе збирки раскази и стихозбирки. За долгогодишната творечка работа во 2021 година е добитник на Третономевриска диплома на Прилеп.