МУШМУЛИ ЗА СТОМАК

Не се претерува со консумирање на свежи мушмули, иако мами слаткоста. Во поголеми количества се тешки за дигестија и може да доведат до дијареа. Плодовите во сезоната содржат многу витамин Ц, шеќер и пектин.  Се користат за лекување од нередовна столица и за празнење на цревата. Недозреаната мушмула ја стега слузокожата и се користи за запирање на крвавење во усната шуплина. Мушмулата помага и при дијареа, дизентерија и во сите случаи кога е потребно стегање на ткивото. Погодни се и препаратите од листот. бидејќи има најмногу танин. Од семките, кои со бубрење во вода создаваат слуз, се приготвуваат облози за разни повреди на кожата. Семките се препорачуваат за употреба во контролирано количество, особено за топење на камен во бубрегот и мочниот меур.

За подобро варење на храната се јадат три пати дневно зрели мушмули еден час пред секој оброк или околу 400 гр.

Loading