Море, коцка, формула…

Монако

Кнежевството Монако е втора земја во светот позната по бројните коцкарници, по брзите автомобили, но и со жители од светот на гламурот. Иако е мала земја со 1,95 квадратни киолметри, кнежевството е во срцето на француската ривиера. Се издигнува над Средоземното море. Живеат околу 40.000 постојани жители, од кои само 9000 се само од  кнежевство. Идеално е за посета на еден ден.

Веќе 700 години владее семејството Грималди. Принцот Алберт Втори е на должност во 2005 година. Монако има богата историја и култура. И 300 сончеви денови во годината.

Примамливо е не само во лето, туку и другите годишни времиња. На француската ривиера, првин треба да се види катедралата Св. Никола. Таа е симбол, оти тука се венчале принцот Алберт Втори и Грејс Кели. Изградена е во 19 век, во римско византиски стил, на местото од стара црква од 13 век. Во храмот е и гробното место на принцезата Кели и на поранешните принцови. Палатата на принцот доминира во стариод дел. Во близина се повеќе видиковци и преубавата градина. Атрактивн е музејот со интересни фрески и богатство од историски предмети. Впечатлива е промената на стражата пред палатата што се случува  секој ден во 11.55 часот. Посетата е дозволена од април до октомври.

Исоријата се “гази” на калдрместите тесни улички. Се ужива во зелените површини на бројните паркови со интересни дрвја. Околу 20 проценти од територијата е зелена. Една од атракциите во градината крај морето  се кактусите и илјадниците рози. А под неа е пештерата која е интересна и езготична.

Привлекува Океонографскиот музеј со илјадници видови риби, ракови, медузи. Кој сака да ужива во плажа  најпосетена е Ларвото со бел песок и кристално чиста вода.

Не постои поубава дестинација од Монако за фановите на брзи автомобили, формула 1, бидејќи се одржуваат најзначајните трки во мај. Достапна е  и изложбата на автомобилите од принцот.

Кога ќе се задоволи љубопитноста, се седнеува во некој од рестораните да се вкусете дел од локалните специјалитетите. Тоа е круна за спомени од Монако.

Текст и фото: Каролина Мицевска

Loading