Минус 10 кила

Аматерски готвач како експеримент објавил рецепт со кој се ослободуваат вишокот од 10 килограми на природен начин за еден месец. Од вкусот на храната се качуваат килограми, а тешко се сметнуваат. Тој наишол на интересен рецепт. Го пробал, и на негово изненадување брзо и ефикасно  ослабел.

Мешавината е вкусна и корисна. Се состои од здрави намирници. Количината што се добива е доволна за два дена, ако секојдневно се јаде само за појадок, или за еден ден доколку се јаде за појадок и вечера. За еден месец додека се јаде мешавината од сусам и ленено семе, се пие многу вода, најдобро со лимон или овошје и зеленчук по сопствен избор, Потребна е и физичка активност и избегнување на шеќер, сол, алкохол, мрсна и пржена и сувомесната храна и  газирани пијалаци.

За 10 кг помалку за еден месец, потребни се  2 чајни лажички ленено семе, 2 чајни лажички сусам (најдобро интегрален), 3 суви сливи, 1 супена лажица суво грозје (црно), 300 гр. кефир или кисело млеко/павлака/јогурт со ниска масленост и живи култури – пробиотик, 250 мл ладна вода. Лененото семе и сусамот ситно се мелат па се ставаат во блендер. Лененото семе е одлично против бактерии и паразити, а сусамот ги намалува шеќерот, холестеролот и ги чицси зглобовите. Помага и при артритис. Во блендерот се додаваат сливите, една лажица суво грозје, обезмастениот јогурт или друг пробиотик и водата. Се миксира до изедначена, хомогена смеса.

Се јаде секое утро по една чаша. Остатокот се чува во фрижидер.

Loading