Големо Коњари по бодови во Мало Коњари

Трета лига – Југ

В недела (13 ч.) е 12. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Лидерот на табелата, Големо Коњари, откако во претходното коло беше слободно, сега има гостување на Влазними јуниор од Пресил, Крушевско. Сепак, мечот е на теренот во Мало Коњари, бидејќи Влазними јуниор таму игра кога е домаќин. Од оваа рунда во борбата за висок пласман се и дуелите Бучин – Росоман и Превалец – Младост.

Што се однесува до претходното коло, Росоман со 2:1 го совлада Младост, Слога направи подвиг со 3:1 над Башкими, а Ултрас со 4:2 беше подобар од Венец во Долни Дисан. Лигата е со два тима помалку од најавата, по откажувањето – прво на Марена, сега и на Обршани. До крајот на есенскиот дел противниците на Обршани ги добиваат мечевите со службен резултат од 3:0.

Табела: Големо Коњари 25, Росоман 20, Ултрас и Младост 17, Превалец и Башкими 16, Венец и Питу Гули 15, Бучин 13, Дреново 11, Влазними јуниор и Слога 7.

Loading