Чурлиновска на Европско

Ракомет

Од 28 ноември женската репрезентација на Македонија ќе учествува на Европското сениорско првенство, во рамките на А-групата, во Дебрецен, Унгарија. Затоа, во Скопје во тек се подготовките на 21 ракометарка, а меѓу нив е и 18-годишната Матеа Чурлиновска, голманка на Деспина. Селекторот Кристијан Грчевски ја повика како единствена голманка од домашното првенство, покрај Јована Мицевска (Слатина, Романија) и Драгана Петковска (Салерно, Италија).

Во рамките на А-групата Македонија ќе игра против Шведска (28 ноември), Турција (30 ноември) и Унгарија (2 декември).

Поради Европското првенство порано заврши есенскиот дел од Супер лигата на Македонија, каде во В-групата тимот Деспина го освои 3. место меѓу пет екипи.

 Во Супер лигата на Македонија за мажи, викендов, во 12. коло, екипата Прилеп гостува кај Пролет во Скопје. Ова е втор есенски дуел на овие екипи. Првиот, на 7 септември во Прилеп, заврши нерешено, 30:30. Прилепскиот тим вторпат гостува, откако претходно со 46:24 загуби од шампионот Пелистер во Битола.

Табела: Алкалоид 22, Вардар 20, Еурофарм Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Пролет 10, Прилеп 9, Куманово и Струга 4, Бисинов 3, Радовиш 1.

Loading