“Човек – Муза” 

Изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција

Уметникот Зоран Тодороски вечерва од 19 часот во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” ќе ја отвори едукативната изложбата насловена “Човек – Муза”. Станува збор за уметности генерирани од вештачка интелигенција.

Овој поим почнува да се употребува од педесетите години. Развојот беше условен од ограничената моќ на компјутерите. Забрзаниот развој на информатичките системи овозможи подем што евентуално ќе ја направи комуникацијата со машините  почовечна и полесна достапна за употреба на напредната технологија. Тоа доведе до појава на таканаречените “големи јазични модели”, кои станаат популарни поради употребата на обичните корисници без специјална обука и поради нивната универзалност.

Како и да е, вештачката интелигенција, можностите, достапноста и начинот на употреба остана ексклузивна привилегија само за упатените во технологијата поради отсуството на информативен медиум да ја запознае јавноста.

– Ќе се презентираат некои можности на вештачката интелигенција достапни за обичниот корисник, запознавање со историјата, суштината и достапните алатки за обичниот корисник. Со едукативната изложба ќе се стекнат основните знаења, вештини и совети за интеракција со оваа релативно нова алатка. Планирани се наколку излагања од организаторот и истакнати експерти во релаксирана атмосфера. Посетителите ќе се запознаат со клучните мигови во развојот и начинот на техничко функционирање. Ќе се изложат слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција, проследени со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција. Ќе се предочат недостатоците  и нужноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността – вели Тодороски.                       

Loading