МВР: ОСОМНИЧЕНИ ЗА КРАЖБА И ФИЗИЧКИ НАПАД

На 20.11.2024 во 09.00 часот на патниот правец Градско-Прилеп, кај с.Беловодица, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 33 години од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“.  По документирање на настанот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

На 20.11.2024 во 19.30 часот во ОВР Прилеп, 21 годишен прилепчанец пријавил дека на ул.„Славеј Планина“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола.

Loading