Во прегратка со природата под Ниџе

Лутраки

На околу 140 километри од Прилеп се наоѓа селото Пожарско или како што во Грција се вика Лутраки. Се стигнува за два три часа во Егејскиот дел од Македонија во котлината Меглен, под Кајмакчалан. Патот е одличен и без проблеми се минува. Дури патникот нема да почуствува колку брзо ќе стигне на вистинскиот дар од природата.

Малото место е опколено со бујна вегетација, со многубројни потоци, реки, манастири, хотели. Најзачајни се топлите бањи со вода од околу 37 степени. Затоа бројни посетители, особено за викендите со сопствен превоз или организирано се упатуваат на овој живописен предел.

Водите се сметаат дека се лековити. Се препорачуваат за ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, за циркулација и други здравствени проблеми.

Пред капењето препорачлива е прошетка низ убавото место, полнење на градите со чист водух и, едноставно, запознавање и воодушевување со  околината. Се ужива во прекрасната дарена природа, со повеќе водопади. ПОсетителите се опуштаат во бисерот на природата.

Неизбежно е капењето во неколкуте помали базени од по десетина и длабоки по еден метар. Големиот базен е на површина од 25 метри ширина и 50 метри должина. Малку подлабок од помалите. Термалната вода го гали телото и сред в зиме кога паѓа снег. Вистинска помада за порите. Пријатното е чувството на капење под отворено небо. Препорачливо е најмногу 30 минути.

Престојот може да се крусниса со софра во традиционалните ресторани со амбиенатлна архитектура. Најомилени за посетителите се вкусовите на јагнешко или јарешко под вршник.

Лутраки е блиску и грев е да не се доживее како патување за спомен.

Текст и фото:

Каролина Мицевска

Loading