СДСМ
“Христијан Мицкоски, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потврди дека ни малку не излегол од популистичката матрица на неговиот ментор, Никола Груевски”.,
Ова се вели во соопштението на СДСМ Прилеп.
Според СДСМ, лидерот на партијата која судиите и обвинителите ги бираше од партиско тефтерче, чии функционери нарачуваа судски пресуди и апсеа неистомисленици заради лични хирови, премиер чија Влада бесрамно се обидува да го партизира судството, не смее да изусти било што за македонскиот правосуден систем.
-Со министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, најавија дека откупната цена на тутунот нема да се зголеми, а субвенциите ќе бидат пониски од ланските. Тоа е потценување на маката на тутунарите и проблем кој сериозно ги тангира граѓаните на Прилеп и населените места, стои во соопштението на СДСМ.