Разговор со претседателот на пензионерите, Славко Трајкоски
Во годината која ги брои последните триесетина дена, воп која минатите триста и кусур денови пензионерски турбуленции, разговараме со претседателот на Здружението на пензионерите во Прилеп, Славко Трајкоски.
– На што посебно беше концентрирана пензионерската активност?
– Имавме богата и разновидна програма во сите разграноци. Се вклучија стотици, од речиси 15 илјади членови. Ние сме едни од најкативните членки во Сојузот на здруженијата на пензионери во Македонија. Можеби е нескромно, но за разлика од минатото, годинава изведовме многу активности во сите домени. Бевме меѓу најдобрите на пензионерската ревија на песни и игри. Го добивме и пехарот за најдобри спортисти на пензионерската спортска олимпијада во Македонија. Преодниот пехар во витрините ги краси просториите на ЗП Прилеп. Тоа е за пофалба и укажува дека сме активни. Иако годинава имавме, такаречи, катанеделно по еден ден, не знам зошто се протестираше во канцелариите на ЗП. Раководството е легално избрано од 19 разграноци. Се организираа осум заеднички екскурзии со по триста пензионери. Ние бевме покровители со сите трошоци на востановените 12 пензионерски пикници. Само годинава организиравме два, пролетен и есенски пикник, со по околу 400 пензионери, не само од нашата општина, туку и од руралните средини, од Кривогаштани и Долнени. Да не ги набројувам сите други активности, иако бевме спречувани од оние кои нестатутарно, насила, сакаа да влезат во раководството на ЗП Прилеп. Само во Прилеп и во Свети Николе, не знам зошто, имаше и уште има “незадоволни” пензионери. За среќа, се успеа, се доделија од Владата по 2 500 денари. Сега се бара со сила да не бидеме ние, ами да бидат тие на раководните места во Здружението и, погоре, во Сојузот. А, тие “реакторите” се само еден отсто од прилепското членство. Донесовме одлуки и во Извршни одбори и во Собранието. Се состанавме со претседателите на разграноците. Се договоривме дека сето ова не е во ред и дека некој сака да прави насилно заземање на функциите во Здруженијата. За тоа толку. Има органи, институции и тие ќе ги водат натамошните активности, според нашите Статути и важечки закони за пензионерското организирање во Македонија.
Во Прилеп има пензионерска зграда, во која според подолгогодишни реакции живее сé, само не пензионери. Што се презема зградата да биде корист на пензионерите од Прилеп?
– Сме реагирале повеќепати до органите во државава. Нема институција до која писмено и усно не сме се обратиле да го надмениме овој проблем. А проблемот е голем и е потребно ангажирање на сите релевантни институции да се надмине. Во таа пензионерска зграда живеат, стануваат, станари кои не се пензионери. Има секаков вид на станари, бидејќи не се знае сопственоста на 31 стан не толку големо по површина станови. Тие биле градена со средства на пензионерите од Прилеп на некогашниот и сегашниот Фонд на пензиско и инвалидско осигурување. Ама таму не живеат пензионери и не се знае кој живее и зошто таму живее. Здружение реагираше во повеќе наврати до ПИОМ и до Агенцијата за станбен и деловен простор.
Проблемот е во тоа што Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, преку чија сметка, а со пари на пензионерите се градела зграда, има само 6 станови. Два, незнам по која основа се продадени од Агенцијата, за станови во Прилеп, а во 29 не се знае кој ги користи и живее. Оваа зграда, наречена пензионерска, пропаѓа. Надворешно е зачувана и изгледа во ред, но внатре пропаѓа. Имам сознанија дека не се плаќа редовно станарината, електричното осветлување, подрумот е постојано под вода и се шири непријатна миризба. Згора на тоа, не се знае кој ги користи становите. Некои тврдат, а за ова немам сознанија, дека некои млади, внуци и синови на некогашните пензионери, сега ги користат и се водат како тие да се корисници. Ги издаваат на саат користење, бидејќи зградата е во центарот на Прилеп. Со натегања, успеавме да добиеме просторија за клуб на разгранокот Бончејца. Ама, не можеме да го користиме, оти два-трипати се поплавува.Тече вода од од погорните катови. Реагиравме во Фондот на ПИОМ и до Агенцијата за станбени прашања, до Министерствата и до СЗПМ, но останува отворено ова прашањето. Нема одговор. Бараме разрешување на овој пензионерски голем проблем, бидејќи наши членови и на Здружението на инвалидските пензионери постојано бараат решавање на станбеното прашање. Здружението е во ќорсокак. Не знаеме каде да го бараме решението, иако на одреден начин сé е јасно, а не е јасно тоа што оваа пензионерска зграда и становите не се пензионерски, ами не знаеме чии се – рече претседателот на ЗП Прилеп, Славко Трајкоски.