Прилеп гостин кај шампионот

Ракомет

Викендов, по двонеделната пауза поради репрезентативните настапи (победа со Естонија, пораз од Литванија), продолжува Супер лигата на Македонија за мажи. Вечерва е првиот меч од 10. коло, во Битола. На актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, му гостува тимот на Прилеп. Домаќинот е фаворит, а на гостинот е задачата да се претстави во што подобро издание.

Табела: Алкалоид 20, Вардар 18, Еурофарм Пелистер и Охрид 16, Бутел 10, Тиквеш и Прилеп 9, Пролет 8, Куманово и Струга 4, Бисинов 3, Радовиш 1.

Во Супер лигата на Македонија за жени, В-група, Деспина ги одигра сите 8 меча. Собра 8 бода за зацврстување на средината од табелата. Во меѓувреме беше и мечот за Купот на Македонија, В-група, Ѓорче Петров – Деспина 44:10.

Табела: Ѓорче Петров 14, Вардар 10, Деспина 8, Спартак 4, Шампион 0.

Loading