Фељтон: Томе Велјановски
Делач на коледарските булина е Стеваноски Живко, поткачен со ситото в раце на каменовата починувачка им дели булина, прво земат децата и заминуват во комшивската куќа од Василоски Милан Борачо, по нив заминуват и возрасните коледари. Стеваноски Живко делачот на булината на Дамјаница Ристана и е внук од внук од брв брачед.
Василоски Милан Борачот е во непосредна близина до Дамјановци. Коледарите одат развеселени кај Милан, децата веќе се таму, прават цив пиле и гласно викаат за Коледе. Милан Василоски Борачот е познат пошироко од нашите краеви.
За време во НОБ Милан бил курир личен заштитник на политичката партизанска личност при Антифашистичкиот фрон на жените во нашите краеви, прилепчанката Добрица Добра Цекоска која ги организирала жените политички за хуманост, помош за македонската војска и територијално ги опфаќала следните населени места: Штавица, Бонче, Лопатица, Подмол, Марул и Мало Рувци. Секогаш Милан бил во пратња со Добрица позната како Доста. Развеселени коледарите Јованче му е исполнува желбата со музиката од гајдата штиченото душеме се треси од ораџиите.
Времето врви коледарските булина со ситото се во рацете на делачот Алексо Трајаноски Танески, но со едно изненадување кај домаќинот Милан. Милан наполнил два земјени вагани од улишта мед, ги постави на една трпеза во близината на делачот на булината и по една лајца во ваганите. Секој кој обожава мед да си стави на булето. Алексо дели буле коледарско, го расцепува булето и си тура со лајцата мед во булето.
На помалите деца им поможува повозрасните коледари. Коледето заврши кај Милан со голем спомен кај децата и благослов од возрасните коледарите кај Милан поред медот беа почестени и со пијалок, вино и ракија. Со напуштањето на Милановата куќа коледарите заминаа весели со песни кај Василоски Трајан.
Коледарите кај Трајан развеселени со песни и ора влегоја дома. Децата влегоја први и си е бркат коледарската традиција со стапчињата прават цив пиле и со викање го означуват дневниот празник Коледе. А, не како нас од пред неколку години во 1955 ќе го гледаме креветот со колцата не турна со кревето во печката, падна борите, сето се зачади, нас не истера надвор без коледарски булина, не се налутиме и тој догаѓај е спомен од дечки настан во истата оваа куќа. Гајдата пишти со размрданите прсти на гајдаџијата Алексо Бабјак, брат на домаќинката Блага.
Коледарите се почестени со пијалок се редат песни и ора помешани од младите ораџи. Бабјаковци весели се кај тетка му и сестра му Блага Таневци уште повесели, Трајан му е нунко на Блажевци. Се виде да делач на коледарските булина е Павлески Јованче, баџанак на Трајан за две сестри Бабјакоски.Јованче со ситото в раце застанат на чардакот и кој како излегува одма добива коледарско буле, на сите редум ама без мед како кај Милан.
Сите послужени со булина за неколку метра влегуват во домата на комшијата Василоски Алексо, брат на Трајан нивната куќа е под еден покрив.
Алексо домаќинот е тука, ги пречека коледарите додека децата поред него влегоја дома право кај печката е отворија и со стапчињата прават цив пиле преку живите жарови и без ничија наредба гласно викат Коледе, Коледе.
Влегуват и возрасните коледари, развеселени со поздрав до домаќинот Алексо, за многу години да е денот денешен. Со одговор од домаќинот, напомош да е и за многу години да е. Младинците се развеселија со ора и песни подесени од гајдаџијата Павлески Јобанче. Децата се вознемирија, ајде да одиме надвор, ќе се делат булината. Делач на коледарските булина Ванчо Бабјак Алексов, сват, воедно и негов војнички другар од партизанското време.
Ванчо застанат до излезната врата на чардакот ги дели коледарските булина од ситото на секого по едно. Децата први во ред зема булина и заминуват в комшии кај Котески Ќиро. По нив и возрасните коледари. Со влегувањето на возрасните коледари беа пречекани со пијалок од домаќинот Ќиро. Родителите на Ќиро, Божин осумдесет ишест годишен и мајка му Јана седумдесет иедна, родена Колеска си седат на нивниот кревет, си гледаат сеир. Коледарите весели под гас, но не заборавија да не се поздрават и рака да им бакнат на Божин и Јана. Димитрија Бабјак, внук од ќерка е зеде гајдата, засвири некоја песна да го потсети дедо му Божин како во турско време без страв го натепал арнаутино Салиоски Мемиш во местото Умало кај Камено. Божин прав човек си чади со лулето и вели, ако човек сака да си ја спасува честа не се гледа кое време е. Одговори Божин, јас собирав ожнати врзани снопови во местото Босотица. Од таму со набодната на рамо преку Ушите и Божаница си реков да го видам бостанот во Умало.
Мемиш Салиоски ора со ралото над нашиот бостан. Одам таму тој не остава одорок од неговата нива, него врти со воловите низ нашиот бостан. Мемиш ага му викнав зашто вртиш со воловите низ нашиот бостан и стојам покрај долот. Тој дојде поред мене покрај долот и лошо ми одговори да ти жената ти ѓаур мене ќе кажиш го испратив и продолжид а ти го и твојата верата смрден домуз.
Мене ми зовре крвта во мене, е кренав набодната кога го треснав по глава и се затркала низ капињето падна во долот длабок близу седум метра. Ако не паднеше, останеше горе сигорно ќе го доотепав.
Ме потера турската коњаница од соседните турски села со пушки и загари. Јас преку врагој слизгала влегов в бонечко и заминав преку Бугарија во Одеса во Русија. Од таму со бродот отпатував во Америка, се спасив не му подлегнав. Потерата беше од Канатларци, Ерековци, Мусинци и од Будаково и марулските бегови. Нашите власти на тие истите тоа што го правеа рака им бакнува и темане им правеа.
Со капитулацијата на Турската империја во 1912 година на првата балканска војна јас се вратив дома во Марул. Салиоски Мемиш беше умрен. Неговата куќа – кула во дворот денешен од Танески Блаже беше изгорена со се сиот внатрешен имот и житото од страна на српската војска. Мемишовата жена и детето и Ќазим остана без никаков имот за живот. Таа се припои со Колеските фамилии во заеднички живот. Нејзиното дете Ќазим си најде две другарчиња врсничиња, Веле и Ќире Колески со нив и сонот односно спањето не го делеше. Ќазим рече, јас сум покаурен. Мемишица живееше во заедница со Колевци се до нејзиното иселување заедно со синот Ќазим во 1924 година во Турција. Ќазим на три пати доваѓаше во родниот крај и Марул да се види со своите мештани пријатели. Старите велат, верата е едно, потребата за живот го спојува човекот.
Додека дедото Божин раскажуваше за неговиот настан со арнаутинот Мемиш, неговиот внук Димитрија Бабјак делач на коледарските булина излезен со ситото в раце на чардакот дели булина. Коледарите е напуштат ќировата куќа, ќе одат поново во Средно маало . На патот под Крушковци стојат излезени старите седумдесет ичетири годинаци баба Илица Петра родена Милеска во с. Штавца и дедо Илија Јованоски Курела. Крушка мавтајќи со рака ги поздравува коледарите. Многумина од коледарите отидоја рака им бакнува и ги дарува со коледарскии булина. Пред година ипол нивниот син Цветан Јованоски Крушка се дели од нив и фамилијарно се исели во Прилеп.
Бабата Петра Илица е прочуена баснарка дури во мариовскиот крај. Дедото Јованоски Илија Крушка е прочуен мајстор камено резац проведувач на разни камени фигуре. Камени копанки, воденички камење, камени мелници со рачно вртење за мелење пребој за храна за стоката и за друга потреба.
Продолжува