Маслиновото масло го турка ризикот од срцеви болести

Маслиновото масло е основна состојка на секоја медитеранска исхрана. Добиено од маслинките е богато со здрави масти. Околу 14 отсто од маслата се заситени, а 11 проценти се полинезаситени, како што се омега-6 и омега-3 масни киселини. Но, 73 отсто има олеинска киселина. Таа ги смирува воспалителните процеси. Благотворно делува на гените поврзани со потенцијална појава на рак. Мононезаситените масти се отпорни на силна топлина, што маслиновото масло го прават здрав избор за готвење. Содржи големи количества антиоксиданси. Многу е хранливо. Има и витамин Е и витамин К. Антиоксидансите го намалуваат ризикот од хронични болести. Помагаат во борбата против воспаленијата и штитат од холестерол во крвта. Тоа се предности за намалување на ризикот од срцевите болести.

Мозочниот удар е причина за негативен исход на кардиоваскуларните болести, веднаш зад болестите на срцето. Како извор на мононезаситени масти, го намалува ризикот од мозочен удар и срцеви болести. Секојдневните консументи имаат помал ризик од мозочен удар од останатите.

 Антиоксидансите се антиканцерогени. Луѓето на Медитеранот се малку ризични на рак, поради маслиновото масло. Антиоксидансите влијаат на оксидативните оштетувања кои се водечка причина за канцер. Маслиновото масло помага во борбата против клетките на ракот. Се намалува опасноста. Тоа штити од дијабетес тип 2. Благотворни се ефектите за нивото на шеќерот и чувствителноста на инсулин. Како превенцијата од дијабетес тип 2, ризикот паѓа за преку 40 отсто.

Loading