Црвената зелка е здравје плус

За приготвување на салата од црвена зелка се потребни само 10 минути. Потребни се ½ главица црвена зелка, ½ чаша ореви, 1 морков,  ½ краставица, 1 чаша јогурт, ½ лимон, 100 гр. пченка од конзерва, 1 лажица сусам и мирудиии, мелен црн пипер и сол.

Се отстрануваат горните листови од зелката и добро се мие. Грубо се сечка или се ренда, па се меша со останатите состојки. Исчистениот и измиениот морков ситно се сечка, а краставицата на покрупни коцки. Се мешаат сите состојки заедно со пченката и изренданата зелка.

Loading