Збогум за прилепскиот Платини

Фудбал: Ин мемориам

На 71 година, животот го заврши Јове Магдески, фудбалска ѕвезда на Победа. Играч во средниот ред, секогаш со бројот 8, од 1969 до 1982 годинаПознат беше по префинетата техника, велемајсторските дриблинзи и проигрувања, како и со изведба на слободни удари и волеј-удар. Наликуваше на Французинот Мишел Платини. Цела кариера ја мина во Победа – 11 сезони во Втората југословенска лига – Исток и 2 сезони во Републичката лига на СР Македонија. Шест години ја носеше капитенската лента. Настапи и во Олимписката репрезентација на Југославија. Најдобар спортист на Прилеп беше за 1977 година.

Тренер беше во два наврата, пролетта 1987 година и од летото 1989 до летото 1991 година. Победа ја водеше во два ранга – пролетта 1987 во Втората југословенска лига – Исток, а потоа и 2 сезони во Третата југословенска лига – Исток.

Пред мечот Победа – Вардарски на Јове Магдески присутните му оддадоа почит со едноминутно молчење.

Loading