СЕ АСФАЛТИРА ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

Општината продолжува со подобрување на инфраструктурата во населените места. Новоасфалтирана е улица во должина од 250 м. во селото Мажучиште. Реализиран е уште еден проект за рехабилитација на патната мрежа. Во селото Селце, целосно е асфалтирана нова улица од 300 метри.

– Овозможуваме побезбеден пристап за сите жители на Селце и ја продолжуваме нашата мисија за еднакви услови за живот во секој дел од општината. Нашата цел е јасна – нема исклучоци, секое маало, секое населено место заслужува подобра инфраструктура – изјави градоначалникот Борче Јовчески.

Локалните власти остануваат посветени да обезбедат подобри услови за жителите.

Loading