СДСМ ПРОТИВ НАГРАДАТА ЗА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Во знак на протест против доделената награда за животно дело на владиката Петар, советничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата, не присуствуваше на свечената седница. Со цел зачувување на дигнитетот на наградите, побара отповикување на одлуката на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници за доделување награда за животно дело на владиката Петар. 

– Не постои ниту една издржана причина поради која највисоката општинска награда би му се доделила на владиката Петар. Напротив.  Првенствено, според Уставот Македонија е секуларна држава, што подразбира јасна одвоеност меѓу државата и религијата. Исто така, владиката Петар, односно Јован Каревски како што гласи неговото крстено име, ниту е роден во општина Прилеп, ниту било кога бил нејзин жител – реагираа од ОО на СДСМ Прилеп.

Според нив, доделената награда на владиката Петар претставува игнорирање на плејада интелектуалци, професори, лекари, научни работници, уметници, спортисти и други истакнати прилепчани кои со својот професионален ангажман заслужиле да ја добијат Третоноемвриската награда за животно дело.

Loading