По три бода во Кочани

Победа

В недела е 12. коло од Втората фудбалска лига и мечот Осогово – Победа во Кочани. Се очекува нов успех и три бода. Надежите имаат основа. Еве ги фактите: Победа освои осум бода повеќе од домаќинот, пласирана е четири места погоре на табелата, во последното коло постигна висока победа од 6:2 наспроти ривалот кој доживеа висок пораз со 5:1, соодносот на дадените голови е 19:8, во гол-разликата 0 со -15, се до податокот дека најдобар стрелец во Втората лига е Никола Талески од Победа со 10 гола.

Во врска со последниот меч, Победа – Вардарски 6:2, четирикратен стрелец беше токму Никола Талески, два гола даде Давид Јошески, а интересно е тоа што гостите од Богданци поведоа со 2:0, но по 31. минута настана големиот пресврт.

Табела: Македонија ЃП и Башкими 26, Брегалница 24, Арсими 23, Охрид 20, Кожуф 17, Беласица 16, Детонит и Саса 15, Победа 13, Новаци и Вардар Н. 11, Скопје 10, Осогово и Борец 5, Вардарски 2.

Loading