ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (264) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Додека раскажуваше дедото Илија, влегоја и возрасните коледари развеселени, половината од нив рака му бакнаа – целиваа на дедо Илија. Коледарите почестени со жесток пијалок, гајдата ечи во рацете на Алексо Бабјак, ора и песни се редат. Децата осетија да ќе се дават коледарските булина, сите нарипаа во ред. Јованче Павлески е делач, застанат на скалите од куќата и сите ги подарува со по едно буле. Тие кои добија први булина односно децата заминуваа во наредната куќа од Танески Ристе. Ристеската куќа е домаќинска куќа во која живеат три фамилии. Родителите Ристе со Ристејца Велика Кржеска од с. Подмол, со синовите фамилијарно. Благоја со три деца и сопругата Лефтерија Минческа од с. Алинци, битолско. Јовановата фамилија нешто побројчана со членови со пет деца и сопругата Ѕвезда Карбеска од с. Мало Рувци, прилепско. Коледарите кај Ристевци примени домаќински, почестени со жесток пијалок. Децата коледарчињата си ја тераат својата со стапчињата прават цив пиле, некои во печката, некои пред печката и силно извикуваат коледе, коледе, коледе. Гајдата Бабјакоска стегната под мишката на Ванчо Бабјак именува ора и песни, коледарите фатени на оро и глас од нивните усти излегува за свирената песна, сето весело.

Ванчо како Ванчо со Јован секогаш заедно другари партизански војници и во сите смешки замешани. На тоа Ванчо му вели на Јован, дали ти сакаш да ти го свирам орото Џингурица, омилено оро на твојот голем девер. Немој Ванчо, тој е што обожава и игра утре, ќе заигра на сред селото. Во право си Јоване, утре ќе дојди со гумените чизми до половината во говедски лепешки, ама прво нејзе ќе е побара да е игра. Двајцата си се насмејаа слатко, а коледарите се насмејаа уште послатко. Се однесува за Ладе Јанкоски, бил голем девер на венецо при венчавањето на Јован в црква, а додека Ладе и Веселка, сопругата на Ванчо, се први брачеди од брат и сестра.

Веселбата продолжи и без Џангурица. Се изиграа неколку ора и испеаа песни. Нарипа децата, видовме ги однесоја во ситото коледарските булина, станувајте да одиме, делачо е Ванчо Колески, брачед втор на Јован по родот Никоски од с. Лопатица, прилепско. Застанат Ванчо на каменовото почивалиште и им дели булина, коледарите заминуваат тие заминуваат кај Танески Димко. Димко стој во дворот со цигара во устата, децата го изминуваат, одат право во неговата куќа. Постарите коледари развеселени од гајдата го поздравуваат со зборот стреќно Коледе денешно и во смеа Димко го прашуваат домаќине, коледарите му велат, кого го чекаш, ајде со нас дома кај тебе. Димко во смеа одговори, домаќин кој сака гости ќе ги пречека уште не влезени в село, а не во дворот. Јас стојам овде да ги пречекам коледарите кај Димко Танески, а не кај Димо Влавот.

А, не како лани како што погрешија одат прво кај Димко Влавот кој беше мој кираџија во Кулата моја фамилијарно во годините од есента до пролетта 1956/57. Лани коледарите п огрешка тоа го направија. Од таа напара излегов да ве пречекам, рече Димко Танески. Се отвори голема смеја. Со таа смеја Димко заедно со коледарите влегоја во неговата куќа. Коледарите поново во смеја му дофрлија на Димко, ако ти не беше способен, немаше да биди селски одборник, поново смеа со Димко.

Додека коледарите возрасни да дојдат кај Димко, децата веќе направија цив пиле и викање за Коледе. Димко коледарите ги почести со вино и топла ракија. Започна веселба со гајдинската мелодија од свирачот Алексо Бабјак поддржана од младите со песни и ора. Тука започна голема веселба поради ги има повеќе гајдаџии со домаќинот Димко Танески Алексо, Ванчо, Димитрија Бабјаковци, Јованче Павлески го приклучија и шеесет иосум годишниот Колески Стојко. Сите наведени гајдаџии одсвирија ора и песни. Младите се развеселија од орате, патосот од душемето дрвено се треси од веселбата.

Децата чекаат коледарски булина. Димитрија Бабјак ги прими булината од домаќинката Димковица Бојана родена Паламидоска во с. Алинци, битолско. Димитрија застанат со ситото в раце на чардако до вратата куќна сите коледари кои излегувааат му подарува по едно буле. Димитрија внук од ќерка на Божиница Јана Котеска родена Колеска му е нунка на Димко Танески. Сите кои добија коледарски булина е напуштат весело Димковата куќа, влеват во комшивската куќа кај Мицевци Таневци.

Коледарите весели распеани влегоја кај Мицевци пречекани од домаќините и почестени со жестоки пијалоци. Гајдата ечи испод мишките на Јованче Павлески. Се одвиват ора и песни од страна на коледарите. Делачот на коледарските булина Танески Благоја излезе со ситото в раце со булината на каменовото одморалиште, почна да дели булина, призна да децата е извршиле убаво нивната работа со цив пиле и извика Коледе, кое дете сака две булина ќе добие. Тие со рацете нагоре добиват со ред и заминуват сите коледари в комшии кај Тодороски Лазар.

Вратата на куќата е отворена, децата со самото влегување во собата одат право кај загрејаната печка, е отворат вратата на печката и со стапчињата некој внатре, некој поред печката прават цив пиле и гласно извикуват Коледе, Коледе, Коледе. Доваѓат и возрасните коледари весели од пијачката со ора и песни. Домаќинот Лазар не паѓа подолу, коледарите ги почести со загреана ракија и црвено вино. Со по неколку ора и песни.

Јованоски Душан делачо на булината коледарски со ситото в раце на излезот на скалите со излегувањето им дели булина. Со тоа коледарите е напуштат Тодороската куќа, одат во комшиската куќа кај Котески Тоде.

Котески Тоде по карактер добар човек ги пречека и им рече да одат кај печката да прават цив пиле и да викат за денот Коледе. Децата си го знат адето, направија цив пиле, некој внатре во печката, некој надвор пред печката и се слушна нивни високи глас коледе.

Возрасните коледари развеселени со музиката од гајдата од страна на Алексо Бабјак тука за прв пат една домаќинка да биди ороводец како Тодејца Босилка родена Долеска во с. Путурус. Се слушна дечкиот глас да надвор виделе да делачо на коледарските булина Ванчо Бабјак излегол со ситото булина, ќе дели булина, ајде да одиме се слушна разговор кај децата и сите заминаја надвор за да добијат коледарски дар.

Ванчо поткачен пред сокницата секој еден кој излегува од Тодевата куќа добива коледарско буле. Ванчо Бабјак, Тоде Котески и Јован Танески се партизански војници во Шестата бригада во НОБ за Македонија, со тоа коледарите одат во комшивската куќа кај Котески Петре.

Петре или нагалено Пере Котески ги пречекува коледарите развеселени од музиката со ора и песни почестени со жесток пијалок. Децата занесени во цив пилето чукат со стапчината на жаровите некој во печката, некој пред печката и весело се надвикуват коледе.

Штотуку одеднаш нарипа децата, станувајте го видоме делачо со ситото, Крсте Бабјак излезе, ќе дели булина. Крсте поткачен во дворот на каменовата почивка почнува за да дели коледарски булина. Децата наредени во ред со испружени рачиња за да добиват коледарски дар буле. Сите кои добиват буле и заминуват во комшиите Дамјановци одалечени на неполни педесет метри од Петревата куќа. Истото го прават и возрасните коледари. Крсте делачот на булината му е внук од сестра на Петре Котески.

Коледарите кај Дамјановци се пречекани домаќински, почестени со жесток пијалок вино и топла ракија. Децата си е терат својата работа во отворената печка прават цив пиле буричкајќи со стапчињата и гласно извикнуват за денскиот празник Коледе, коледе, коледе.

Гајдата активирано свири под мишката на Бабјакот Алексо. Се леат ора и песни од страна на младите ораџии. Се треси штиченото душеме од играорџите младешот. На јужната страна на собата седи на собата старата баба преку осумдесет години и мајка му на домаќините Ристе и Никола Дамјаница Ристана прочуена баснарка родена Декароска од с. Лопатица, прилепско од пред триесет ипет години останала вдовица со убиството на нејзиниот маж Дамјан во 1924 година убиен во местото Капка во Мало Рувци од неговите внуци. Према поштовањето нејзино повеќемина од коледарите, рака и бакнуваа.

Продолжува

Loading