НА ПАЗАРОТ ЗА СТАРИ РАБОТИ
“Ајде овде германска стока”, “Сé по пет банки”, “Ајде народе уште денеска, оти затвораме”, “Тотална распродажаба,” Одлични работи ќе најдете само овде”, “Ајде на стока од Швајцарија, повелете”, “За малку пари се полни кошница со работи за дома”!
Вакви и слични на овие “тука смислени” рекламни пораки, без видео снимки и без спотови, ами лично, се разбира, кога е убаво времето се слушаат секоја среда и сабота на пазарот за сé и сешто кај новата катна гаража. Да, нема што нема. И постара носена облека и обувки, а и нови. Сакате гардероба, чевли, чизми… Алати за секојдневна домашна работа, велосипеди, кокошки и петли, зајаци, јајца домашни, тогаш снесени од домашни кокошки, петли ранобудници, гулаби.. Сé што му е потребно на човек, ќе се најде.
И цените се пристојни, ниски, речиси бадијала. За поплитки џебови, човек мозе да сеоблечи од глава до петици за пет-шест стотки. Затоа е голема посетеноста и интересот, најмногу од мажи кои ја потполнуваат домашната алатница со некој корисен и користен алат.
Има и жени кои пребаруваат по носената, “секонд хенд” гардероба. Продавачите знаат и како да ја подредат, зависно од сезоната. Некои тоа го чинат на импровозирани тезги, а некои и на земјаи. Ништо не им смета.