“Хероите на нашето општество се наставниците, воспитувачите и негователите”.
Ова го изјави градоначалникот Борче Јовчески кој оствари средба со наградените и избраните.
Најдобар наставник од основните училишта од Прилеп – Милан Јаковоски, најдобар наставник од средните училишта – Блаже Димески, најдобриот воспитувач – Лидија Стојаноска и Најдобриот неговател – Александра Шипинкоска-Стојаноска од ЈОУДГ „Наша иднина”.
– Според новиот правилник преку Советот на Општината и врз основа на јавно објавен повик, годинава првпат доделивме симболични финансиски награди остварените успеси и вложениот труд. Со признанијата, не само што се вреднуваат заложбите и напорната работа, туку се вложува во иднината на образованието. Признанијата се поттик за сите да се трудиме повеќе и да обезбедиме поквалитетно образование за најмладите – рече градоначалникот Јовчески.
Локалната самоуправа продолжува да ги поддржува и наградува образовните лица кои се темел на општеството.