На литературниот конкурс за 80 годишнината од ослободувањето на Прилеп – градот херој, распишан од Општинската организација на Сојузот на борците, наградени се основците: Исидора Барлеска, Елена Димоска, Леонтина Велеска, Тајла Кукуљац и Јована Стојаноска, сите под менторство на Ивана Попантоска.
Од средните училишта признанија добијаа: Леона Аврамоска, Мила Најдоска и Николина Деспотоска (ментор Никола Толоманоски), Матеј Трајкоски (ментор Соња Мирческа), Ива Милошеска ( ментор Лидија Тошеска) и Андреј Камчески (ментори Александар Секулоски и Филип Стеваноски).
Со конкурсот се развиваат родољубивите чувства кај учениците.