Куп за Деспина, пауза за Прилеп

Ракомет

Во Супер лигата на Македонија за жени, В-група, во 7. коло, Спартак – Деспина 23:27. Во Скопје прилепскиот тим водеше уште на полувремето, со 11:9. Стрелци: Сања Цветкоска, Евгенија Цаневска и Андреа Конеска по 5 гола. Во средата беше мечот дома од 8. коло, Деспина – Шампион (37:19). На табелата Деспина се бори за 2. место, за пласман во плејофот. Во врска со следниов викенд, најавени се мечеви од Купот, каде Деспина е во В-групата, а прв ривал е шампионот Ѓорче Петров.

Во 9. коло од Супер лигата на Македонија за мажи, Прилеп – Бисинов 33:27. Очекувана убедлива победа на прилепската екипа, иако на полувремето беше само гол разлика, 17:16. Стрелци: Никола Цветаноски и Давид Трајкоски по 6, Томислав Квастек со 5 гола. Следи пауза до 16/17 ноември (кога е гостувањето на Еурофарм Пелистер во Битола), поради натпреварите на репрезентацијата против Естонија и Литванија.

Табела: Алкалоид 20, Вардар 18, Еурофарм Пелистер и Охрид 16, Бутел 10, Тиквеш и Прилеп 9, Пролет 8, Куманово и Струга 4, Бисинов 3, Радовиш 1.

Loading