Трета лига – Југ
Екипата Големо Коњари не само што не го дава врвот, ами и се оддалечува во однос на конкурентите. По последната победа дома со 3:0 врз Ултрас, а по првиот неуспех на Башкими со поразот 2:0 од Питу Гули во Крушево, лидерот сега бега со 8 бода и на повидок е позицијата есенски првак. Но има уште четири важни кола, од кои првото е со гостување в недела, токму кај солидната екипа Башкими во Чашка. Друг интересен меч е Превалец – Росоман во Велес, каде гостинскиот тим се бори за второто место.
Табела: Големо Коњари 24, Росоман 16, Башкими 15, Превалец, Младост и Венец 14, Дреново и Питу Гули 12, Ултрас 11, Бучин 9, Влазними јуниор 6, Слога 4.