Две награди за аматерски филм

На 53. Државен фестивал за непрофесионален филм во Скопје, Марјан Беџоски и Никола Димески се закитија со два медала – второ место, сребрен медал за документарниот филм, “Прилеп – наша Македонија” и второ место, сребрен медал за краток игран филм за Методиј Патчев.  Конкуренти им беа 49 филмови во неколку категории.

Медалите се доделени пред официјаланата проекција на наградените филмови во Кинотеката на Македонија во Скопје, а манифестацијата ја организираа Кино сојузот на Македонија и Народна техника.

Loading