На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, беа доделени третоноемвриските награди, по повод денот на ослободувањето кој се одбележа под мотото “80 години со љубов за Прилеп”. Претседателот на Советот, Ирена Стерјоска Локвенец, заедно со градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, Игор Николоски им ги врачија наградите на добитниците.
Владиката Петар и уметникот Жарко Башески се добитници на наградата за животно дело. Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеленски г. Петар за огромната ревност и оданост за верата, кој секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа. А на Жарко Башески – македонскиот скулптор, професор, уметник бидејќи неколку децении го промовира својот роден град Прилеп.
Награди – плакети добија:
Прилепска Пиварница-за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп;
ОУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп- постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти;
Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ с. Алинци Прилеп како општествено одговорна компанија;
Ликовна колонија – Дрен за повеќегодишно меѓународно уметничко творештво;
МАТАДОР – успешна и општествено одговорна компанија;
Научен институт за тутун – научно истражувачка, образовна, апликативна производна издавачка дејност;
Мариовско – Мегленски средби – за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот;
ФК Големо Коњари-за постигнати резултати и придонес во спортот;
Центар за развој и едукација Прилеп – за успешна реализација на услугата помош и нега во домот;
Австралиско – Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто” од Сиднеј– за негување на традициите и донации за најмладите во спортот.
Награди – дипломи добија:
Марјан Јованоски – солист, првенец во македонска опера и балет;
Јован Аврамоски- за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување;
Љупче Петрески протоереј – придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп;
Трајче Зуљамоски-педагог, спортист волонтер хуманист;
Ивана Атанасоска – светска олимпијада по геонауки;
Билјана Тинтоска – за успехот во воспитно-образовната дејности и книжевноста
Елена Ртоска – за особен придонес во развивање на екстремните спортови и
Никола Павлески – младински првак во шах.