Кога си го свиткал ‘рбетот не очекувај дека ќе кренеш глава.
*
Потребна ли е групна терапија за јавашлакот и негрижата?
*
Поради многу пречки може да се промени патот.
*
На човек му е потребна една ѕвезда која постојано ќе биде со него.
*
Владата треба да работи и само така успешно ќе владее.
*
Опозиција не е исто што и реакција.
*
Со негативни мисли нема позитивна реалност.
“Д-р Хаџи-Васков”