АЛЕКСАНДАР АЛЕКСОВСКИ Е НОВИОТ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ

Дипломираниот економист Александар Алексовски е новиот Генерален извршен директор на Тутунски комбинат. Тој доаѓа на местото на Зоран Пачешкоси.

Сашко Вељаноски – дипломиран економист е нов Претседател на Одборот на директори. Во новиот борд, извршни директори се и Зоран Петрески, доктор на науки по јавна администрација и Афродита Настеска, магистер по економски науки.

Неизвршни членови на Одбор на директори се Гоце Николоски – менаџер по царинско и шпедитерско работење, Афродита Баталоска – магистер по казнено право и Александар Кузманоски – дипломиран економист.

Мандатот на членовите на новиот Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп е 4 години.

Loading