Шах
Во ресторанот Вавилон во Битола се одржа меѓународен шаховски турнир, организиран од Шаховскиот клуб “Шах-шех”. Меѓу 106 учесници од две држави – Грција и Македонија, настапија и шахисти од Прилеп. Највисок пласман има ВМ Звонко Станојоски – втор со 8,5 поени од 9 партии. Постигна 8 победи и едно реми – со првиот ИМ Тони Лазов кој освои ист број поени. На конечната табела 16-годишниот Никола Павлески е на високото 8. место со 6,5 поени, со 5 победи, 3 реми и само 1 пораз. Павлески е најдобар меѓу учесниците до 18 години.
Меѓу високопласираните прилепчани се уште: ФМ Роберт Велески на 9. место, Дејан Ѓорѓиески на 12. и ИМ Тони Кироски на 15. место – сите со по 6 поени.