Потпишани се договорите помеѓу министерствата и општините, со кои Владата доделува 250 милиони евра за капитални инвестиции. Според распределбата, за Прилеп ќе станат реалност три проекти. Изградбата на кружен тек на улица „11-ти Октомври”, улица „Кеј 9-ти Септември” и улица „Кеј 1-ви Мај” (мост „Табана”). Изградба на дел од улицата „Победа”, од крстосницата со улицата „Александар Македонски” до крстосницата со улицата „Павел Шатев”. И реконструкција на постоечките водоводни линии во градската четврт Карабдалица, в центар.
– Благодарение на визијата за напредок на премиерот Христијан Мицкоски и неговата посветеност кон развојот на локалните самоуправи, оваа значајна поддршка ќе овозможи реализација на нови проекти во општина Прилеп. Овие проекти се значаен чекор напред за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на нашите сограѓани. Продолжуваме заедно и посветено да ја градиме иднината на Прилеп – изјави градоначалникот Борче Јовчески.
Согласно првиот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа склучени се договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари.