Почитувани прилепчани,
по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември, организираме ноќна трка на 5 километри низ Прилеп која ќе биде од хуманитарен карактер.
На 2 ноември, сабота, во 19:00 часот, ве повикуваме да учествувате на овој настан, трчајќи и забавувајќи се да собереме што повеќе средства и да му помогнеме на малиот Никодим.
Котизацијата за трката ќе биде 200 денари!
За трката можете да се пријавите на следниот линк:
Два часа пред трката, односно од 17:00 до 19:00 часот пред Камената бина ќе има кутија каде ќе може да донирате и со самата донација да го подигнете вашиот стартен број!
Трчаме 5-ка за Никодим!