Кошарка
Одлична партија и победа на Мега баскет со МЗТ Уни банка, со убедливи 93:65, во 3. рунда од Втората кошаркарска лига. Домашните погодија 14 тројки, најмногу Стефан Стевананџија – 5. Тој е најефикасен со 25 поени. За тимот на тренерот Мико Голубовиќ, викендов е шанса за нов успех, кај Водно во Скопје.
Табела: Ангели 6, Маџари, Мега баскет, Борец, Соколи, МЗТ Уни банка и Црн Дрим 5, Работнички, Бутел и Охрид 4, Водно и Академија ФМП 3.