Фељтон: Томе Велјановски
Коледарите со добиените коледарски булина ја напушта Алексовата куќа, одат кај брат му Ванчо Бабјак и тој е гајдаџија. Гајдата свири кај Ванчо, пијалоко кружи, ора и песни се редат. Гласот дечки врие како рој пчели пред печката цив пиле се прави, куќата на Ванчо Бабјак в село на високо ниво. Делач на коледарските булина е Дојчиноски – Јолески Благоја, прв брачед од тетка на Ванчојца Веселка, поткачен на каменото одморалиште пред куќата со ситото в раце ги послужува коледарите, прво децаат и сите со ред. Коледарите кој добиле коледарски булина кај Ванчо одат в комшии кај Танески Тане и неговиот син, Танески Китан, деленица.
Веселбата коледарска кај Тане, децата цив пиле и викање коледе, коледе направија. Возрасните направија неколку гајдински ора и песни. Дотогашните свирачи Нацко и Петре не се повеќе свирачи, него помешани со останатите коледари со ора и песни. Делач на булината беше Богоја Танески Блажески. Да напомниме коледарите не влегоја кај Китан, рекоја нема потреба, веселбата се одвива под еден куќен покрив.
Делачот на булината коледарски Богоја со две сита со булина на скалите дели булина, по две. Малите деца радосни со по две булина голема пофалба направија за делачот Богоја, бил многу добар, а заборавија дека добиват булина од две куќи. Коледарите кој добиват булина заминуват преку реката кај Крлешката одат Таневци Недановци со тоа шетањето коледарско во Западно маало Прва бригада заврши.
Коледарите кај Недановци пречекани весело почестени со пијалоци. Печката полна со живи жарје, децата прават цив пиле и гласно викат коледе, коледе. Алексо Бабјак со гајдата е активен. Ораџиите нафатени на оро, меѓу нив и дотогашните свирачи Нацко и Петре. Меѓу коледарите ораџии се и Неданоските девојчиња Милица, Драгица и Нада од весело, повесело. Глас се слушна меѓу децата ајде да излеваме, татко му на Гога, Алексо дели булина. Нивниот повик е точен. Алексо со ситото в раце дели булина. Секој од коледарите кој зеде буле е напушта Неданоската куќа, одат во комшивската куќа од Ордан Танески во непосредна близина. Се знае да секое домаќинство е спремно да ги прими малите коледари, исто така е и кај Ордановци. Печката е спремна, полна со жарје. На малите деца тука му е мислата, е отворија печката и со стапчињата прават цив пиле. Жарјето кој попадна на подот пред печката ги содробија, ги омртвија, сите едногласно извика коледе, коледе, коледе, тоа е голема веселба кај децата коледарчиња.
На прагот од куќата се и возрасните коледари, развеселени со ора и песни. Домаќините ги почестија коледарите со жесток пијалок, со вино и ракија, за уште повесели да бидат.
Домаќините за делач на коледарските булина го одредија Драган Богданоски Јанкоски. Домаќинката Орданица е родена во с. Крушевица во родот на Кулеви. Драган Димоски од с. Бонче е домазет кај Богдановци и по мајка му Коприна од с. Крушевица се некоја родбинска врска со домаќинката Орданица Траенка.
Драган со ситото со коледарски булина излезе во дворот. Децата насетија први, се наредија во ред, зедоја булина, оправија патот кај Трајановци Таневци. Така по ред и возрасните коледари зедоја булина, е напуштија весело Орданоската куќа со песни и ора поддржани од Алексовата гајда влегоја во Трајаноската куќа.
Куќата од Трајан Танески беше отворена не само за коледарите, него за секој еден кој побарал помош или некоја потреба било каква не бил вратен. Така да многу надворешни луѓе како служители, учители, инспектори, порезници, ветеринари односно лекари, милиционери, свештеници и други лица имат преноќевано во Трајановата куќа како гости без да ги кошта нешто гостите. Големо срце Трајаново.
Коледарите весело примени кај Трајановци. Децата си е терат нивната работа, насобрани околу печката со стапчињата прават цив пиле и повишен глас викат коледе, коледе. Возарсните коледари пречекани со пијалок, вино и топ
ла ракија. Гајдата од Бабјак пишти во рацете на Павлески Јованче. Се редат ора и песни. Домаќинката Алексојца Спасија го повика нејзиниот втор брачед Јолески Благоја (мал Тито), му го подаде ситото со коледарските булина.
Благоја со ситото в раце застана на чардакот, секој еден кој излегуваше од коледарите добиваше коледарско буле. Секако децата добиваа први булина и заминуват во комшивската куќа од Котески Ѓорѓија.
Истото домаќинство како кај Трајан Танески беше и кај Павлевци долните Јоновци со сите спомнати горе гости и кај Павлевци. За денот селската слава Рожденство на Богородица за време ручекот имаше гости за во две смени.
Децата влеваат кај Ѓорѓија Котески гледат поред печката седи стариот дедо, осумдесет итри годишниот Илија. Децата како да се повлекоја, засрамија од дедото Илија. Илија се присети, се посети во ќошот со столицата и ги повика децата за кај печката за да си е завршат нивната работа да го направат адетот со цив пиле и викање за коледе. Децата е отворија печката, буричкаат со стапчињата, нешто попадна од жарјето на подот и нив ги дотолчија и со силен нивни глас извика коледе, коледе, коледе.
Стариот дедо Илија гласно се насмеа и рече, и ние како деца го правеме со моите врсници. Со браќа ми Божин, Тодор, брачедите Дамјаноски Дамјан, Мицо Танеските деца Велјан, Ризо, Ристе и Мијале Гулабоски, Стојан Јанкоски, Димитрија Гулабоски, Крсте Јошески Галабаро, Петре Мурџески, Мојсо Колески, Јован Крсте и Петре од Цветко Џелиноски, Тале Курела Грујоски и други ги заборавив, голема радост и ние правеме со цив пиле, не како сега во печката, пампуро, него во огништето летаа гламни низ огништето. Тогаш немаше печки и оџаци , не даваше тогашното турско владање, рече дедо Илија Дамјаноски Котески.
Нашиот комшија Атанас Танески Аџијата како рајатин изваде ѕидан оџак дојде Амдија Лазески бег и со работник со турските власти му го турна оџакот и го казни со десет турски лири велејќи му, анасана сиќим ти сакаш на царо на главата.
Стрико Васил на татко прв брачед од стрико збирајќи ожнати врзани пченични снопје во местото Плочите. Наидува тогашниот полјак Џафер од Ерековци, полјак на трите села Ерековци, Марул и Бонче, идејќи си од с. Бонче, му е зема набодната на Васил и го претепува до смрт и го казнува пет лири затоа што добеле раците. Велејќи му, анасана ти го качил на високо над султано на главата. Тогаш беше така, ѓаурино мора да спие во пондилата поделена со по една страна со стоката. Издивна длабоко дедо Илија, ах пусто турско да не се поврати. Котевци Василовци е еден сој заедно со Дамјановци како Дамјановци. Тука се Јанковци и Мурџевци, сите сме стари деленици, си држиме родова верска врска со нунчеви и девери големи и мали, рече дедо Илија Котески 1876 – 1972.
Продолжува