Мечеви во “Кире Гаврилоски”

Пинг-понг

Во салата од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” се одржа пингпонгарскиот “Телеком мастерс 1” за сениорки и сениори. На четири маси имаше интересни мечеви на учесници од цела Македонија. Од прилепските, најдобар пласман има Софија Хасану (Младост 96) со второто место кај сениорките, зад најдобрата Амелија Уце – Николов (Шампион ФА, Штип). Кај сениорите победи Лука Стојчев (Астраион, Струмица).

Викендов во Скопје се лига-натпреварите во женска и во машка конкуренција.

Loading