„Лирата на Евридика – Еуридикна лира“ на македонски     

Превод

Книгата “Лирата на Евридика – Еуридикна лира” од Сузана Тасиќ е преведена на македонски јазик од нашата писателка  Снежана Паноска, член на Клубот на литературни творци.

Според неа, поезијата на Тасиќ ја отсликува нејзината душа.

– Поетесата буди надеж и копнеж за заборавените надежи за поубаво утре. Од првите стихови, зборовите сами доаѓаа и го наоѓаа своето место, и беше лесно. Низ стиховите, Тасиќ ткае ќилим од желби, копнежи, несоници и ѕвездоглед, очекувајќи, читателите да ја осознаат нејзината душа – вели Паноска.

Сузана Тасиќ, поетеса од Ниш, е чест учесник на манифестацијата Поетско  Маркукуле.

Loading