Лек за рак на простатата

Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, треба да се пие свежо цеден сок од калинки. Ова вкусно овошје е концентрат од витамин Ц, богато со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси. Редовното конзумирање спречува многу болести. Се препорачува свеж сок, исцеден, без додаток на шеќер. Се испие веднаш по цедењето.

Поради можни интеракции со лекови, не се препорачува за пациенти кои боледуваат од дијабетес како и за оние кои во терапијата користат антидепресиви и други лекови.

Растителните хормони во ова овошје го намалуваат ризикот за појава на рак на простата. Калинката ја намалува вредностите на ПСА во крвта. За подобрување, неопходно е со месеци да се пие секојдневно по 250 мл. сок.

Кората од калинка содржи повеќе од 20 отсто танин. Сувата кора од калинка се ситни на помали парчиња и се складира на суво место.

Чајот од калинка се подготвува од исушена кора. Се земаат 3 големи лажици иситнета кора од калинка и се преливаат со литар зовриена вода. Се остава 15 минути. Се цеди. Се пие по 2-3 чаши на ден. Правилното дозирање е важно и не се претерува оти може да влијае токсично.

Отстранува цревни паразити и е против цревни инфекции. Ефикасен лек е против проливи.

Loading