Два филма

Идната недела во киното Мис Стон

Две проекции на македонски филмови. Првата е в понеделник од 19 часот  на филмот “Јон Вардар против галаксијата”. Тоа е прв македонски долгометражен анимиран филм во режија на Гоце Цветаноски. Играат Атанас Атанасовски, Дамјан Цветановски, Елена Тарчуговска, Емилија Мицевска, Жарко Димоски,…

Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан, робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка зоолоШка градина. Кога двајцата Ќе се спојат, се создава хаос. Двајцата ги здружуваат силите да го заШтитат најопасното оружје во галаксијата да не падне во погреШни раце. Необичното дуо трга на вселенското патување исполнето со вонземјани, чудовиШта, црни дупки, и можен крај на егзистенцијата.

В среда пак од 19 часот Ќе се прикажи  филмот “На сé доаЃа крај” во режија на Рајко ГрлиЌ.

Приказната е за успеШен адвокат од Загреб, кој ги отфрлил обвиненијата за двојно убиство против богатиот и моЌен бизнисмен, негов клиент. На прославата, адвокатот пијан, му кажува на клиентот дека ладнокрвно ги убил работниците, кои доШле да праШаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на опШтеството го прави адвокатот непожелна личност. Го губи својот партнер и клиентите, а сопругата го напуШта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина почнуваат мисија за одмазда. Играат Јелена ѓокиЌ, Живко АночиЌ,… Филмот трае час и половина и е за лица  над 16 години.

Loading