Мост на реката Оревоечка во 1919. Се издолжил дрвен. Можеби е на местото на некој од сегашниве. Не се знае со сигурност. Се збрал народ, војници, граѓани за “кадро”. Интересен миг од прилепското секојдневие.
Реката ита ли ита. Носи гранки, ѓубре кои се собираат околу дрвените столбови. Нерамномерното широко корито ја збрало водата и í дало тек. Било сушно време, зашто мостот е многу подолг од полното коритото. Ситната песок сведочи дека реката реално знае и да надојде да го исполни целото корито, оградена од едната страна со камен ѕид. И куќа “никнала” крај ѕидот. Се извишиле куќи долж реката. И чорбаџиски на кативи со интересна архитектура, но и мали трошни куќички. Чиниш живеат два различни света.
Само тополите се исти. Подале “раце” до вишно небо.
Како и да е, градот живее во тек со времето.