Над петнаесетина уметници од земјава и странство ќе ги изведат новите песни на деветтото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп Фолк Фест” кој ќе се одржи на 1 ноември во Центарот за културата „Марко Цепенков”, во 19:30 часот.
Фестивалот оваа година е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани Мјузик Фест – Прилеп”, а под покровителство на општина Прилеп. Зенит и годинава е медиумски покровител.
Советот на фестивалот ќе ви понуди прекрасни македонски современи песни, изведени од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од врвни македонски автори.
Ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Анета Љумаковска, Спасен Сиљаноски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Андријана Ацевска, Ташко Каранфиловски, Бојан Палиќ, Сања Цинцева, Лилија Семкова, Суад Усеин Цуле, Мики Тра Ла Ла, Вукица Челебиева, Жаклина Маркоски и Група Фортуна.
Прилеп Фест останува еден од симболите на градов.