Промоција
Утревечер во Арт кафе од 17 часот ќе се промовира илустрираната книга за деца “Мачорот Тане” од Лина Димоска. Илустрациите за книгата се на Калиопи Трпчева. Промотор е Ѕвонко Димоски.
– Делото се роди на предлог на еден мој пријател. Патем, мачорот Тане навистина постои. Тоа е мојот домашен миленик кој за една година мина низ еден куп згоди и незгоди. Извојува битка против тешка болест, покажувајќи дека и животните го сакаат животот како луѓето – вели авторката.
Во рецензијата Филип Димкоски ќе напише дека расказите се одликуваат со едноставност и со современ и наративен стил, допадлив на младите. Секој расказ најавува што е содржината или какво дејство ќе се одвива. Книгата успева да ги обедини забавното и едукативното, низ умесен и шармантен хумор што го сакаат децата. Секој расказ завршува со поука – вели Димкоски.
Книгата поттикнува позитивни и правилни форми на однесување на децата, почитување на различностите, другарството, послушност на родителите од мали нозе и грижа за околината и животните.